Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол

ДЕСК