Centar.mk
СВЕТ

САД го запленија претседателскиот авион на Николас Мадуро поради кршење на санкциите

Соединетите Држави го запленија авионот што го користеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го префрлија од Доминиканската Република на Флорида, откако утврдија дека неговото купување ги прекршува американските санкции, објави американското Министерство за финансии.

Американските власти веруваат дека авионот бил незаконски купен за 13 милиони долари преку нафтена компанија и илегално бил пренесен во Доминиканската Република, изјави државниот обвинител Мерик Гарланд.

Официјални лица велат дека оваа заплена била извршена во тесна соработка со властите на Доминиканската Република.

„Ова е порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од дофатот на американските санкции“, изјави еден функционер за Си-ен-ен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК