Centar.mk
СВЕТ

Вулканот Шивелуч во Камчатка исфрли пепел на 8 километри надморска височина

Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптира во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од речиси осум километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.

„Пепелта се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот.

Спасувачите предупредуваат дека ако се промени правецот на ветрот, мала количина пепел може да ги засегне селата Уст-Камчатски, Карагински, Пенжински и Олуторскиот округ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Франција воведува засилен карантин за случаи на контакт со хантавирус

C +

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

C +

Драматично предупредување од ОН: Светот се соочува со масовен глад ако Ормускиот теснец остане затворен

C +