Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Платите на наставниците ќе се зголемат од март

Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„20 тина активисти на СДС и Венко Филипче, така изгледаше фамозно најавуваниот протест пред МОН вчера. Венко Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори. Венко Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДС од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДС. Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого. А СДС треба силно да се реформира“, велат од партијата и додаваат:

„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ мисли на наставниот кадар. Платите на наставниците ќе се зголемат од март. Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК