Centar.mk
СВЕТ

Убиен висок командант на Хамас

Израелската гранична полиција соопшти дека убила висок командант на Хамас на Западниот Брег.

Војската вели дека Васем Хазем бил убиен во автомобил, во кој како наведуваат, имало оружје, муниција и големи количини пари.

Двајца други вооружени напаѓачи на Хамас се убиени од дрон додека се обидувале да побегнат од возилото, се вели во соопштението.

Израелската војска ги идентификуваше двајцата вооружени напаѓачи кои беа убиени во нападот со беспилотно летало како Маисар Машарк и Арафат Амер и ги обвини дека биле вклучени во напади, вклучително и врз израелските заедници во близина на безбедносната бариера на Западниот Брег.

Израелската армија соопшти дека во автомобилот пронашла пушки, пиштол и друго оружје и дека во инцидентот нема повредени војници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +