Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се качиле на трактор да слават, приколката се превртела: трагедија на венчавка во Италија

Луисела Рока (53) загинала за време на свадбена веселба во областа Торино, Италија, кога била згмечена од трактор приколка.

Никој немаше да насети дека нешто ќе тргне наопаку на свадбата, особено на самиот крај на вечерта.

Неколку гости сакале да ја продолжат прославата во Вастапалија и за таа цел зеле стар трактор „фиат“ со приколка.

За време на патувањето, покрај патот Сан Себастијано, приколката се превртела на удолница и тракторот завршил во ендек. Повредени биле неколку гости, меѓу кои и Луисела.

Таа била единствената тешко повредена бидејќи била згмечена од возилото.

Веднаш била пренесена во болница, но три дена подоцна починала.

Беше медицинска сестра во болницата „Куорне“, во близина на Торино. Жената била мажена и мајка на две девојчиња. Таа со години водела и ресторан во Италија.

На социјалните мрежи се појавија многу пораки со сочувство, во кои се истакнува дека Луисела „секогаш била насмеана, позитивна и жена со добро срце“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

C +

Европскиот парламент ја поддржа забраната за увоз на руски гас и нафта

C +

Повторно отворена Амбасадата на Србија во Киев

C +