14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се набават нови автобуси за ЈСП „Скопје“ . На денешната седница на Советот на Град Скопје, сите советнички групи гласаа „за“, а само советниците на ДПМНЕ не гласаа за одлуката, за набавка на нови автобуси.

Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ, и со ова уште еднаш покажаа дека не само што не им е грижа за граѓаните , туку продолжуваат да ги малтретираат граѓаните.

На Советот на Град Скопје, зборуваше советничката на СДСМ Љубица Јанчева, која им се обрати на советниците на ДПМНЕ.

„ Иако беше образложено зошто БРТ е најдобриот концепт за Скопје и тој не победи, ќе прашам, 250 автобуси кои ги ветивте каде се ? Бесплатниот јавен превоз каде е? Што е и со програмата за модерно Скопје, ја имате ли? Ако ја имате, зошто не ја реализирате? Она што ќе ви каже Мицко, вие само за тоа гласате„ рече Јанчева.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Комунална хигиена – Скопје поставува нови пластични контејнери за одлагање на комуналниот отпад

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни униформи за сите основци и ранчиња со училишен прибор за сите првачиња

ДЕСК

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК