Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со став во врска со говорот на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
„На властодршците во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за ибицирање идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може само да доведат до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Изјавата на премиерот на Република Северна Македонија, за жал, уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја“, се вели во ставот на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.
Во текстот се додава дека, иако по службена должност, бугарската влада е целосно легитимна и останува отворена за дијалог со РСМ бидејќи не вклучува повторно преговарање за веќе преземените обврски од Скопје.
Оваа реакција следува откако Мицкоски рече дека како Влада остануваат посветени на ова прашање и оти ќе продолжат и понатаму да работат за полноправно членство во Европската Унија откога ќе се избере политичка влада во Бугарија.
Тогаш Мицкоски посочи дека се надева оти по изборите за бугарскиот парламент на 27 октомври, ќе има редовна влада, со која ќе се најде решение за „децениската блокада на европската интеграција на Северна Македонија“ и дека ќе го чека изборот на редовен кабинет во Бугарија за да почне дијалог со него./Извор:Makfax