Centar.mk
СВЕТ

Два земјотреси ја погодија Грција

Два земјотреси вечерва ја погодија Грција на неколку минути еден од друг. Првиот земјотрес беше со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, додека вториот со јачина од 2,5 степени, пренесува ЕМСЦ.

Епицентарот на двата земјотреси бил на околу 26 километри јужно од островот Скијатос.

„Земјотресот беше толку силен што го потресе ресторанот“, „Слушнав крцкање и креветот почна да ми се тресе“, пишуваат жителите на Грција.

Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ајкула уби 38-годишен маж од Австралија, сопругата: Тој живееше и дишеше за океанот

C +

Маѓар до унгарскиот претседател: „Мораш да си заминеш, и ќе си заминеш“

C +

Германија предупредува за последиците од војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец

C +