Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина.

„Камен-темелникот на воведувањето во работа на градскиот пазар тука во Струмица за прв пат со таков капацитет со над 40 илјади квадради којшто има вредност од над 230 милиони денари во ваков еден крај во којшто земјоделството е главна дејност, граѓаните ќе го осетат како благодат. Ова не е единствен проект, градоначалникот спомна уште неколку проекти коишто или се одвиваат или допрва ќе треба да почнат во општината. Заедничко за сите тие проекти е што сериозно го зголемуваат квалитетот во општина Струмица. Тоа е доказ дека градоначалниците на СДСМ работат одговорно во интерес на граѓаните, работат рационално и навистина брзо ги остваруваат сите проекти што се ветени во нивните програми“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА 40 МИНУТИ ГИ ЛОЦИРА И ФАТИ КРАДЦИТЕ: Украдените мобилни телефони, пари, новчаници од автобус кој носеше деца на ексурзија се вратени кај учениците и професорите

ДЕСК

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК