16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Павел Дуров, основачот на Телеграм е уапсен под сомнение за поврзаност со тероризам и педофилија

Руско-францускиот милијардер, основач и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров е уапсен во саботата вечерта на аеродромот Бурже во близина на Париз, објавија ТВ ТФ1 и БФМ ТВ, повикувајќи се на свои извори.

Тој патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека во Франција е издаден налог за апсење како дел од прелиминарната полициска истрага.

ТВ ТФ1 и БФМ ТВ рекоа дека истрагата е фокусирана на недостаток на модератори на Телеграм и дека полицијата верува дека оваа ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено на апликацијата за пораки.

Дуров денеска ќе се појави пред судот.

Француската ОФМИН, агенцијата задолжена за спречување насилство врз малолетници, издаде налог за апсење на Дуров во прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, онлајн насилство, организиран криминал и промовирање тероризам, рече еден од изворите.

Дуров беше обвинет дека не преземал мерки за спречување на криминалната употреба на неговата платформа.

„Доста е со неказнивоста на Телеграм“, рече еден од истражителите, додавајќи дека се изненадени што Дуров дошол во Париз знаејќи дека е баран човек./Извор:Makfax