Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Во престрелка со полицијата во Гајре загина бегалец баран со потерница, пукал додека се обидувале да го уапсат

Осомничен во истрага за убиство вчера почина откако пукал во полицајците кои сакале да го приведат. Тие возвратиле и го раниле, по што починал на пат кон болница. Пукањето се случило во Гајре, село во општина Тетово во бркотница во која полицијата се обидела да го приведе осомничениот кој се барал со потерница, но тој наместо да се предаде, пукал кон службените лица.

Овој настан е поврзан со убиството на 5-ти јули во Тетово, кога 40-годишен маж беше убиен во пукање на улицата „Штипска“.

Полицијата го барала сега починатиот бидејќи бил главен осомничен за ова убиство, кое е дел од конфликт меѓу две криминални групи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола – СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

ДЕСК

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

ДЕСК