Centar.mk
СВЕТ

Петмина членови на Тајната служба привремено суспендирани по атентатот на Трамп

Најмалку пет членови на американската тајна служба беа ставени на административно отсуство по атентатот на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батлер, Пенсилванија, објави денеска „Фокс њуз“.

Еден член на тимот за лично обезбедување на Трамп и четворица членови на Теренската канцеларија на Тајната служба во Питсбург, вклучувајќи го и одговорниот специјалниот агент, наводно биле пуштени на одмор речиси шест недели по инцидентот.

„Фокс њуз“, исто така, објави дека Тајната служба била интерно информирана за заканата за Трамп од Иран пред настанот во Батлер, Пенсилванија, и се верува дека истражува зошто дошло до собирот на Батлер, со оглед на тие информации./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +