Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царинска управа: На Богородица запленет златен и сребрeн накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти Царинската Управа.

Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК