Centar.mk
РЕГИОН

МАСАКР ВО БОСНА: Пукање во гимназијата во Сански Мост, има повеќе мртви

Страшен масакр го потресе Сански Мост во Босна и Херцеговина.

Три лица загинаа во средно училиште во овој град, а едно лице се бори за живот.

Убиството според босанските медиуми се случило во зградата што ја користат Мешовитата гимназија и гимназијата Сански Мост.

Вработен во мешовитото средно училиште пукал во директорот, секретарот и еден наставник вработен во Гимназијата.

Според информациите кои ги објавија тамошните медиуми напаѓачот извесно време имал несогласувања со раководството на училиштето и се жалел на дискриминација. Против него се водела и дисциплинска постапка, а според неофицијални информации тој таргетирал луѓе кои биле во дисциплински комисии и пукал во нив.

Се очекува изјава од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

РЕАКЦИИ ОД КОСОВО ПО НАСТАН ВО БРИСЕЛ – Контроверзии околу музика изведена на Форумот за проширување на ЕУ

ДЕСК

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО КРАЊ – Актуелниот градоначалник испадна од изборната трка, двајца нови кандидати одат во втор круг

ДЕСК

СЛОВЕНИЈА СО 45 ОПШТИНИ ВО ВТОР КРУГ – Јанковиќ првпат мора повторно да се бори за Љубљана

ДЕСК