Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Скандалозно, Вреди ги нарекува албанските администратори МУВЛОСАНИ

Соопштение на ДУИ:

Не поминува ден без скандал.

Демократската унија за интеграција е шокирана од секојдневните навреди на Вредните вазали, поразени на претседателските и парламентарните избори, кон административците Албанци во државните органи, нарекувајќи ги Мувла, мувлосани.

Претходно Таравари ги нарече носачи на бурек на Македонците, а денес секој Албанец администратор е мувлосан.

Нема граница на понижувањето што можеа да им го направат на Албанците вмровците од Влен.

Го негираа знамето, химната само Делумно, јазикот, војната, ОВК, Охридскиот договор, легитимитетот, нивните потписи на хартија, нивните изјави дека ако загубат ќе си поднесат оставки, сите нивни изборни ветувања и веќе прејдоа и кон навреди на Албанците во институциите.

Немањето легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги понижува Албанците и тоа го прават само поради нивната жед за власт за да се збогатат и врз грбот на народот.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК