До среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Денес и утре на повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје денес и утре ќе има појава на пороен дожд и грмежи, во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Прогноза за 21.08.2024
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. UV=7
Прогноза за 22.08.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. UV=8
Прогноза за 23.08.2024
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8