Centar.mk
МОЗАИК

Следува невреме низ голем дел од Македонија – Метеоцентар објавува детална прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Прогноза за 21.08.2024
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. UV=7

Прогноза за 22.08.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. UV=8

Прогноза за 23.08.2024
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. UV=8

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ ВО КИНА ПОЧНАА ДА „ОДГЛЕДУВААТ“ ТУЛИ – Необичен тренд со милиони прегледи на социјалните мрежи

ДЕСК

Без струја дома: колку време храната останува безбедна во фрижидерот?

ДЕСК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 ОКТОМВРИ 2026 – Вторник носи нови можности, неочекувани вести и љубовни изненадувања

ДЕСК