Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера вкупно 42 пожари на отворено, гори уште на 11 места

Четириесет и два пожари евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие.

Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.

Според соопштеното, по два активни пожари има во општините Долнени и Пробиштип. По еден активен пожар има во општините Дебар, Маврово – Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Чашка. Последните два пожара се на територија на две општини – едниот на Охрид и Ресен, а другиот на Демир Хисар и Кичево.

Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Кичево, Новаци, Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево, Чашка.

Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 бележи 2.342 повика, а од нив, како „реални“ биле категоризирани 53.80 отсто./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК