Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Богданци

Рано утрово е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што соопштија оттаму земјотресот се случил во 03 часот и 24 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од сеизмолошката опсерваторија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК