14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делови од Македонија ќе бидат под невреме, но со многу високи температури – Метеоцентар со детална прогноза

И денес ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа над 40°C и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од денес и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Прогноза за 17.08.2024
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме со силен ветер и град. UV=7

Прогноза за 18.08.2024
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. UV=7

Прогноза за 19.08.2024
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 36°C

Променливо облачно. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. UV=7

Можеби ќе ве интересира

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

C +

Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

C +

„Анима Мунди“ до кандидатите за градоначалници: Односот кон животните е тест за институционална зрелост

C +
error: Соддржината е заштитена.