Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје најавува вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија

Град Скопје најави дека до крајот на оваа недела ќе отпочне со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност.

-Справувањето со корупцијата и непотизмот во јавните претпријатија е едно од основните предизборни ветувања на градоначалничката Данела Арсовска. Резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за нив ќе бидат известени и соодветните надлежни институции.

Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување, , освен директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, скопската градоначалничка го разреши и директорот н ЈП „Дрисла“, Александар Кузинаков./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Денови за спорт на младите во општина Илинден

ДЕСК

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК