Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пожарот кај Брезница од прво лице, унгарските пожарникари објавија драматична снимка

Унгарските пожарникари во саботата си заминаа од Македонија по 10-дневните интервенции главно врз пожарот во селото Брезница.

Унгарија на 1 август испрати тим од 46 лица со 13 возила, меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.

Пред нивното заминување, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, оствари средба на која обострано беше искажана благодарност за добрата соработката, која останува нешто што ќе се надградува во име на пријателството на двете земји и заедничкото помагање и справување со кризните ситуации, особено со пожарите од поголеми размери, како што се оваа сезона во нашата држава.

Пожарникарте објавија видео од гаснењето на големиот пожар во Македонија кој букти веќе 25 дена и се’ уште е активен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК