Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Бараме веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години

Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг, велат од ДУИ.

„Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години“, додаваат од ДУИ.

Според нив овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост.

„Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“, завршуваат од ДУИ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК