Centar.mk
СВЕТ

Нигер ги прекина дипломатските односи со Украина

Западноафриканската држава Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина, објави владиниот портпарол, Амаду Абдрамане, само два дена откако соседно Мали ја донесе истата одлука.

Мали ги прекина дипломатските односи со Украина во неделата поради наводната поддршка на Киев за бунтовниците по извештаите дека војниците на Мали и „вагнерците“ претрпеа значителни борбени загуби во неодамнешните судири со антивладините бунтовници.

Во вчерашната телевизиска изјава Абдрамане изјави дека одлуката на Нигер да ги прекине врските со Киев ќе има непосреден ефект, пишува „Киев индепендент“.

Украинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката на Мали избрзана и за жалење нагласувајќи дека преодната влада на Мали не доставила докази што ја потврдуваат вмешаноста на Украина во инцидентите.

„Украина безусловно се придржува до нормите на меѓународното право, неповредливоста на суверенитетот и територијалниот интегритет на другите земји“, соопшти Министерството. На крајот на јули избувнаа тешки борби во северниот дел на Мали, а антивладините борци известија дека уништиле „цела колона на војската на Мали и руските платеници“.

Најавите на Нигер и Мали доаѓаат во време кога украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба тргнува на дипломатска турнеја во неколку африкански земји.

Кулеба пред два дена пристигна во Малави, а ќе ги посети и Замбија и Маврициус. Украинскиот лидер Володимир Зеленски на крајот на минатата година изјави дека развојот на врските со африканските земји ќе биде еден од надворешнополитичките приоритети на Украина во 2024 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК