Centar.mk
БИЗНИС

АХВ почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.

Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.

Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат.

Можеби ќе ве интересира

Митева со среќна вест до граѓаните: Незаконски наплатените средства од компаниите за брзи кредити се враќаат кај над 26.000 граѓани

ДЕСК

СТОПИРАНИ СИТЕ ДЕНЕШНИ ЛЕТОВИ – Европска авиокомпанија пред опасност од банкрот

ДЕСК

ГОЛЕМА МОЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА – Во 2027 година може да добие зелено светло за европскиот енергетски пазар

ДЕСК