Centar.mk
СВЕТ

Над 8 илјади стебла марихуана уништи полицијата во Албанија

Албанската полиција продолжува со националната акција „чиста територија“ против одгледување марихуана.

„Како резултат на воздушни проверки со армиски хеликоптер во области со многу тежок терен, во северниот дел, денеска во атарот на Вау те Дејас откриени се насади со марихуана при што се уништени 8.602 стебла“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се додава дека продолжуваат работите за откривање, фаќање и изведување пред лицето на правдата на граѓаните инволвирани во оваа криминална активност.

Во рамки на акцијата само во северниот дел на земјата до сега се уништени повеќе од 300 илјади стебла марихуана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХАОС СО АВИОНИТЕ ВО САД – „Јунајтед ерлајнс“ пријави голем системски дефект, дел од летовите не можат да полетаат

ДЕСК

САД СО БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА – Американските амбасади повикуваат на зголемена внимателност пред празниците

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК