Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Некој ја пали депонијата во Охрид, ноќеска пак пожарникарите гаснеа оган на терен

Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот.

Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад.

Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК