Centar.mk
РЕГИОН

Албанскиот парламент по маратонска расправа со 106 гласови “за” ја изгласа новата изборна реформа

Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа, со 106 гласови “за” ја изгласа новата изборна реформа.

За гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го “атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама.

Со новиот закон, на парламентарните избори следната година, од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, една третина ќе се избираат со отворени листи, останатите според мнозински систем.

Изгласан беше и амандманот со кој 30 отсто или секој трет кандидат на листите да биде жена, што експресно го поздрави мисијата на ОБСЕ во Тирана, оценувајќи го како напредок во родовата рамноправност во земјата.

Исто така со законот за првпат се обезбедува гласање на албанската дијаспора, која ова право ќе го оствари преку пошта, откако претходно ќе се пријави за тоа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД СРБИЈА – Студентската листа освои 140 од 250 пратенички места

ДЕСК

ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИШ – Медијана бара проверка за користењето јавни ресурси на митинг

ДЕСК

БУЏЕТСКА ДЕБАТА ВО БУГАРИЈА – Се разгледува 2027 без покачување на платите во МВР

ДЕСК