Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

На Аеродромот во Скопје спречен обид за шверц на рачни часовници со вредност од 240 илјади денари

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.

-Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite, соопшти Царинската управа.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК