Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +