Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Конечно освежување, но со невреме силен ветер и град – Метеоцентар објавува повеќедневна прогноза

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 24.07.2024
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7

Прогноза за 25.07.2024
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. UV=7

Прогноза за 26.07.2024
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК