„Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ побараа од FAA да ги приземји сите летови поради глобалниот проблем со компјутерите, соопшти FАА во предупредувањето во петокот наутро.
FAA побара од контролорите на летање да им кажат на пилотите дека авиокомпаниите моментно имаат проблеми во комуникацијата.
Во меѓувреме, летовите во воздух – ќе останат во воздух, но нема да полетаат летовите на „Американ“, „Јунајтед“ или „Делта“, објави „Еј-би-си њуз“.
Сè уште не е познато колку е распространет проблемот, но познато е дека аеродромот во Мелбурн во Австралија исто така рече дека „доживуваат глобален технолошки проблем“, што влијае на нивните процедури за пријавување, пренесува „Н1“.
Проблеми се забележани и на аеродромот во Берлин, каде што во петокот наутро ниту еден авион не можеше да слета или полета. Причината, како што е наведено, е технички дефект, кој довел до доцнење во обработката.
Според непотврдени извештаи, имало голем дефект на серверот и се вели дека се активирани системи за итни случаи./Извор:Makfax