Centar.mk
СВЕТ

По нападот врз Трамп, реакции на светските лидери: „Се молиме за неговата безбедност“

Меѓународните лидери објавуваат пораки за поддршка на социјалните мрежи откако поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден на митинг во Пенсилванија.

„Сара и јас сме шокирани од нападот врз претседателот Трамп. Се молиме за неговата безбедност“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Насилството раѓа повеќе насилство. Жал ми е за она што се случува во изборниот процес во САД. Мојата солидарност со Доналд Трамп“, изјави претседателот на Хондурас, Ксиомара Кастро де Зелаја.

„Моите мисли и молитви се со претседателот Трамп во овие темни часови“, нагласи унгарскиот премиер Виктор Орбан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бахреин ги осуди иранските напади

C +

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

C +

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

C +