Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дали кредитот од Будимпешта се всушност кинески пари?

Дали Кина стои позади исплатата на половина милијарда евра кои премиерот Христијан Мицкоски најави дека нашата земја ќе ги добие од специјалната економска соработка меѓу унгарската и македонската Влада. Оваа дилема ја отвора СДСМ по најавата на министерката за финансии дека овие средства ќе се користат за капитални инвестиции.
,,Имајќи предвид дека патот Кичево-Охрид може да се финансира само со кинески средства, овие пари всушност не доаѓаат од Кина?” прашуваат од СДСМ.

Опозициската партија бара власта да одговори каде се 500 милиони, кои недостасуваат за ветената 1 милијарда евра.
,,Дали можеби Груевски му ги држи на Мицкоски резервирани како гаранција дека нема да го напушти зацртаниот курс? Граѓаните многу брзо се соочуваат со предизборните измами на ова ВМРО-ДПМНЕ кое докажува дека “волкот го менува крзното, но карактерот никогаш”!- велат од СДСМ

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК