24.8 C
Скопје
21. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на НАТО: Светот зависи од исходот на војната во Украина

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг синоќа ги повика лидерите на трансатлантската безбедносна алијанса да ја задржат поддршката за Украина во нејзината војна против руската инвазија, велејќи дека исходот од конфликтот ќе ја обликува глобалната безбедност со децении.

На почетокот на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, Столтенберг рече дека алијансата мора да ја покаже истата решителност што ја покажала во другите клучни моменти од својата историја.

„Нема бесплатни опции со агресивна Русија како сосед. Во војната нема опции без ризик“, рече тој, додавајќи дека најголемата цена и најголемиот ризик ќе има ако Русија победи во Украина.

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, додаде тој./Извор:Makfax