Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од утре МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.

Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре.

„Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години. Со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат“, велат од МОН./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК