Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Муцунски од Дубровник: Владата е цврсто фокусирана на европските реформи, преку владеење на правото, борба против корупцијата и економски развој

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана од министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на Дубровник форум, што се одржа на 28-ми и 29-ти јуни, во Дубровник.

Тој се обрати на посебната сесија „Отворање на реформскиот потенцијал на Западен Балкан“, каде се осврна на перспективите за членство на земјава во Европската унија. Притоа, истакна дека иако земјава е сведок на “билатерализација” на евроинтегративниот процес, а претходно и на членството во НАТО, како и повеќекратна апликацијата на двојни стандарди од страна на институциите на ЕУ, сепак нашата нација е про-европска нација, а мнозинството од нашиот народ ја поддржува европската агенда, бидејќи нема подобар пат од полноправното членство на земјава во ЕУ.

Во делот на реформите и интеграцијата на земјата во Европската Унија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија нагласи дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома, односно борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој.

Запрашан за концептот за членство во Единствениот пазар пред целосна интеграција во ЕУ, Муцунски истакна дека независно како ЕУ го предвидува овој процес, вклучително и концептот за постепена интеграција, нема да има двоумење од наша страна доколку крајниот резултат е полноправно членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК