Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Извлечена e екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисела Вода.

Од таму додаваат дека лицата имаат повреди.

Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата бил и пациент, подоцна ЦУК соопшти дека во лифтот немало пациент, туку екипата на Брзата помош била во зградата на констатација на смрт.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.
Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди“, се појаснува во информацијата од ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +