Centar.mk
СВЕТ

Брачен пар од САД посвоил пет деца: Ги чувале во штала, ги терале да работат како робови

Доналд Реј Ланц (63) и Џин Кеј Вајтфедер (62) од Западна Вирџинија се обвинети за занемарување на деца. Тие, наводно, ги принудувале своите посвоени деца да работат како робови и да живеат во штала. Тие беа уапсени во октомври минатата година, откако беше откриено дека пет посвоени деца на возраст од 6, 9, 11, 14 и 16 години живеат во лоши услови.

Полицијата ја повикале соседите загрижени за благосостојбата на малолетниците.

Соседите пријавиле дека децата биле принудени да вршат земјоделски работи и не им било дозволено да влезат во куќата, се наведува во обвинението. При интервенцијата полицијата во плевната затекнала 14-годишно и 16-годишно девојче. Внатре немало светлина или проточна вода. Еден од тинејџерите во полиција изјавил дека последен пат јаделе пред 12 часа и дека биле принудени да спијат на бетонот.

Ланц и Вајтфедер вчера пред судот се изјаснија за невини по повеќе обвиненија, вклучително и трговија со деца, детски труд и занемарување на децата, објави локалниот медиум „Метро Њуз“. Судијката Мериклер Акерс рече дека децата „во основа биле користени како робови“.

Тие, исто така, се соочуваат со обвиненија за кршење на човековите права, за конкретно таргетирање црни деца и принудување на работа поради нивната раса, објави „Метро Њуз“. Нивната кауција е одредена на 500 илјади долари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мистерија за падот на најреткиот и најскапиот американски дрон: леталото одеднаш изгубило висина над Персискиот залив и емитувало сигнал за вонредна ситуација

C +

Маѓар најави укинување на информативната програма на државната телевизија во Унгарија

C +

Откриено што Трамп планира да му понуди на Иран за „голем договор“

C +