Centar.mk
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

Исто така, апелираат да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.

Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk )./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК