Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Топлото време продолжува и во наредните денови, утре температурите до 40 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +