Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана

Соопштение за печат на Алијансата за Албанците:

Раководството на Алијансата за Албанците, денеска, 19.06.2024 година, одржа состанок на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието на РМВ.

Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство.

Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата за Албанците во идната влада во рамките на VLEN ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +