Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Aкција на „Комунална хигиена“ – Скопје за исплата на заостанатиот долг, без пресметана камата

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници – физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, дека од денеска – 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од 2007 година).

Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кај коишто услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од о.Шуто Оризари). Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на ЈП Комунална хигиена-Скопје, на улицата Боро Тодоровиќ бр.2, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Работен состанок на зимската служба за навремено делување во Општина Битола

ДЕСК

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

ДЕСК

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Прекин од 9 часот, не е утврдено кога ќе завршат работите

ДЕСК