Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе ја одржи петтата седница

Собрание на Република Северна Македонија ќе ја одржи петтата седница.

На дневен ред на оваа седница се две точки – Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседател, членови и заменици – членови на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија се предлага Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се предлагаат пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +