Centar.mk
СВЕТ

Пијани Британци се тепале со тупаници на лет за Задар, уапсени се по слетувањето

Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр.

По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар.

Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела.

Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО БРУКЛИН – Истражителите ја утврдуваат причината за пожарот во Сансет парк

ДЕСК

ПРЕСУДА ВО ЛОНДОН – Расел Бренд прогласен за виновен за силување и три сексуални напади

ДЕСК

АВИОНСКИ ПРОВЕРКИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ – Заканите предизвикаа воена придружба и пренасочување летови

ДЕСК