23.8 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

АТС ГРУП ПОКРАЈ ПОСТОЕЧКИТЕ ТРИ ФАБРИКИ JA ПРЕТСТАВИ И НОВАТА ФАБРИКА ЗА ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛНА ПРЕСТИЖНИОТ САЕМ ЕУРОСАТОРИ 2024

АТС Груп е еден од поголемите изложувачи на најзначајниот саем на одбранбената индустријата – Еуросатори 2024 во Париз, на кој од оваа година претставува вкупно четири фабрики. На саемот присуствуваат повеќе од 2000 излагачи од 62 земји, 62000 посетители од 150 земји, 400 изложени борбени возила и воздухоплови. Еуросатори не ги обединува само производителите, туку и повеќе од 250 официјални делегации од над 96 земји, експерти, истражувачи, инвеститори и новинари кои покриваат одбранбени и безбедносни прашања. Еуросатори со својата големина уште еднаш докажа дека е најважниот меѓународен саем посветен на одбраната, на копнената и на воздушната безбедност.
Од оваа година АТС започна со производство технички текстил АТС УД 230 неопходен за изработка на поголем дел од балистичките производи. АТС ГРУП e единствена македонска компанија која учествува на светски познатите саеми за безбедност.

Компанијата на Еуросатори 2024 ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, ги прикажа новите области во кои делува и се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција. Дознајте повеќе за ново- лансираните производи: маневарски куршуми, куршуми со челично јадро и делови за муниција од сопствено производство со 4.0 IoT технологија. Долгоочекуваните решенија за артилериска муниција, пристигнуваат наскоро!

АТС ГРУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од четири компании, од кои три во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, и за кои имаат добиено бројни награди и признанија. АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност.

Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

Саемот за прв пат беше организиран во 1967 година и постојано бележи зголемување на бројот на учесници, излагачи и посетители. Моментално е број 1 саем во светот во својата категорија, францускиот саем на секои две години ги собира светските професионалци одговорни за одбраната и безбедноста.

Изложувачите демонстрираа употреба на дронови, роботи, нови технологии и оклопни возила. Покрај динамичните демонстрации од страна на изложувачите, во текот на целата недела од страна на вооружените сили и безбедносните оддели беше прикажано владеењето со ново развиените технологии.