Centar.mk
СВЕТ

Поранешниот претседател Франсоа Оланд се враќа во политиката

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд изјави дека повторно ќе се кандидира за пратеник на парламентарните избори, што е најнов политички пресврт откако неговиот наследник Емануел Макрон повика на предвремени избори, пишува Еурактив.

Оланд, кој беше француски претседател од 2012 до 2017 година, ја напушти функцијата со рекордно ниво на непопуларност – и кај делови од радикалната левица и кај социјалистите и граѓаните.

Тој најави дека ќе се кандидира за пратеник во југозападното одделение на Корез на листата на Новиот народен фронт, левичарска група формирана за изборите во која се социјалисти, тврдокорни левичари, зелени и комунисти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК