21.8 C
Скопје
24. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запалена куќата на вујкото осомничен за убиството на 11-годишното девојче во Грција

Куќата на вујкото, кој е осомничен за убиство и обид за силување на 11-годишното девојче во Грција, вчера пред нејзиниот погреб била опожарена.

Објектот бил запален неколку минути пред погребот на малата Василика која исчезна во неделата, а нејзиното тело со бројни повреди беше пронајдено во понеделникот на нива, пренесуваат медиумите во регионот.

Осомничениот за убиството признал дека сакал да има односи со девојчето, но кога таа го одбила и се заканил дека ќе им каже на родителите и ја избодел со шрафцигер и и го фрлил телото во поле.

Локалните медиуми јавуваат дека група непознати лица фрлиле факели кон домот на вујкото, а се верува дека станува збор за чин на одмазда за бруталната смрт на девојчето.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го локализирале пожарот, а како што се наведува, во куќата во моментот на нападот не биле членовите на семејството на осомничениот, бидејќи претходно го напуштиле селото, стравувајќи дека може да се случи такво нешто.

Според написите, бројни членови на семејството на убиената девојка и нивни пријатели сакале да го линчуваат осомничениот додека тој вчера беше донесен во обвинителството да даде исказ. На крајот, обвинителот мораше да оди во притворското одделение за да го сослуша осомничениот./Извор:Makfax