Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, за актуелните состојби и европската перспектива на двете земји, како и за безбедносните и политички аспекти во регионот.

Двајцата соговорници ги потврдија заложбите за целосна интеграција во Европската Унија и изразија подготвеност за размена на искуства, меѓусебна помош и поддршка во реформските процеси.

На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи, со цел интензивирање на евроинтеграциите и справување со предизвиците на регионално ниво.

Соговорниците ја потврдија взаемната заложба за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес и ја посочија потребата од подобрување на инфраструктурното поврзување.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС Е ЃУРЃИЦ – Православните верници го одбележуваат обновувањето на храмот на Свети Георгиј во Лида

ДЕСК

Васев: Семејството и образованието треба да бидат првата линија на превенција од насилство

ДЕСК

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО БЕЛГРАД ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО – Деветнаесетгодишник осомничен за вооружен напад од 2025 година

ДЕСК